Копенхаген падна во Скопје- Вардар со предност патува во Данска

Македонскиот првак Вардар забележа победа против данскиот Коппенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите.

img

Дуелот кој се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а на кој присуствуваа 10.000 гледачи, Вардар го доби со 1:0.

Во првото полувреме двата тима имаа свој периоди од играта, но без посериозни шанси се до последната 45.минута кога Филипе со удар работ на казнениот простор се обиде да го изненади гостинскиот голман Роби Олесен кој со одлична интервенција не дозволи вардарци да го отворат резултатот.

Во вториот дел Џонатан Балотели во 54.минута изби пред голот на Олсен, но ударот на Бразилецот во последен миг го изблокира Јохансон.

Сепак во 65.минута Балотели беше далеку попрецизен. По грешката на потесната одбрана на данскиот тим, топката случајно дојде до Бразилецот кој биеше силно и прецизно за водство на Вардар од 1:0.

Македонскиот првак преку Дамир Којашевиќ во 84.минута имаше мможност да стигне и до водство од 2:0, но Црнегорецот од 10 метри биеше премлако за да го совлада Олесен.

Тоа можеше скапо да ги чини црвено-црните. Данскиот тим во 86.минута, преку Парагваецот, Хавиер Сантандер и во втората минута од дополнението (90+2) преку Николај Томасен, имаше големи шанси да го израмни резултатот. Сепак вардаровиот голман Гачевски со прекрасни интервенции успеја да го сочува својот гол и му ја обезбеди победата на Вардар.

Реванш натпреварот во Данска ќе се игра на 2 август во терминот од 20 часот.

Покрај овој натпревар досега се одиграа и средбите: Карабах – Шериф 0:0, Славија Прага – БАТЕ Борисов 1:0, Стеауа Букурешт – Викторија Плзен 2:2 и АЕК Атина – ЦСКА Москва 0:2, додека во последниот денешен дуел во Белград на полувремето од средбата Партизан – Олимпијакос резултатот е израмнет 1:1.

Останатите натпревари на програмата се утре.

Facebook impact:

Објавено среда, 26 јули 2017 08:06:00
Напишано од емилија


Последни вести