Македонските фудбалски репрезентативци подготвени го очекуваат дуелот со Шпанија

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година е втор ден во својата база во Сопот, Полска каде се подготвува за натпреварите од групата на Европското првенство за фудбалери до 21 година. Македонија првиот натпревар на шампионатот го игра во сабота на 17 јуни во Гдиња (почеток 20:45 часот) со селекцијата на Шпанија.

img

-Малку сме возбудени, но сите ние заедно го направивме овој резултат, учество на едно големо натпреварување. Сега се подготвувавме само за првиот противник селекцијата на Шпанија, другите ривали од групата (Србија и Португалија) не сме ги анализирале и ќе одиме од натпревар во натпревар. На стартот е најважен дуелот со Шпанија, изјави Дамјан Шишковски.

Во нашата група во првото коло истиот ден (17 јуни) играат Србија и Португалија во Бидгошч со почеток во 18 часот.

Натпреварите на Европското првенство стартуваат во петок на 16.јуни кога играат: Шведска – Англија и Полска – Шведска од групата А.

Facebook impact:

Објавено вторник, 13 јуни 2017 07:13:00
Напишано од sasho


Последни вести