УЕФА објави кои ги добиле картите за Суперкупот

Сите оние кои што аплицираа за карти за Суперкупот да си проверат мејловите, европската куќа на фудбалот ги подели картите.

img

Аплицирањето заврши на 4. јули, а во игра беа 23 илјади влезници кои ќе бидат доделени преку лотарија. Потоа на 14. јули, в петок сите што имаа среќа ќе бидат информирани од УЕФА на кој начин ќе ги подигнат своите билети.

Мечот ќе се игра на осми август, а ќе биде еден од најспектакуларните во историја на Суперкупот. Реал Мадрид ќе игра во Скопје како европски првак, а Манчестер јунајтед како освојувач на Европа Лигата.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 10 јули 2017 07:30:00
Напишано од емилија


Последни вести