В недела на арената Филип 2 да ги испратиме младите во Полска со огромен аплауз!

Да ги поздравиме уште еднаш младите херои! Да ја почувствуваме нивната позитивна енергија и вплотеност. Уште еднаш да им искажеме почит!

img

Сениорската репрезентација в недела од 20:45 часот го игра натпреварот против Шпанија, а следната недела младата У21 репрезентација исто така игра со У21 репрезентацијата на Шпанија.

Македонија на европско првенство во фудбал! Колку тоа убаво звучи. Со цел да им дадеме што поголема поддршка, уште еднаш да им се заблагодариме за се што направија, и да ги охрабриме за уште поголеми успеси Фудбалската федерација на Македонија ги повикува фановите да дојдат во што поголем број на Националната арена во недела и со овации да ги поздравиме нашите репрезентативци до 21 година, кои во понеделник заминуваат во Полска на Европското првенство.

Да потсетиме Македонија беше прва во квалификациската група, пред една Франција, Украина, Исланд, Шкотска и Ирска. Победуваше на домашен терен, во гости, без пораз е година ипол.

Како нивна поддршка деновиве на официјалниот канал на ФФМ е објавен и нов видео материјал кој е плод на соработката со македонските естрадни уметници „ДНК“, а чии што зборови очекуваме наскоро да ги слушнеме и од трибините.

„Само за неа пеам јас…

…само за неа навивам…

…една и единствена…

…за МАКЕДОНИЈА! “

 

Facebook impact:

Објавено петок, 09 јуни 2017 03:19:00
Напишано од Виолета


Последни вести