Вардарци пречекани од бројните фанови во Скопје

По остварениот историски успех и пласманот во групната фаза од Лига Европа, фудбалерите, стручен штаб и раководството на фудбалскиот клуб Вардар ноќеска околу 2:30 часот слетаа на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

img

Бројни навивачи доцна во ноќта ги пречекаа своите миленици и нови херои, со многу песни.

За обезбедениот пласман во групите, сопственикот на тимот Сергеј Самсоненко ветил висока премија. Се споменува сума од 500.000 евра која првично била договорена пред почетокот на натпреварите во квалификациите од еврокуповите.

Фудбалерите ќе добијат слободен ден, а потоа дел од нив, треба да им се приклучат на националните селекции.

Facebook impact:

Објавено петок, 25 август 2017 08:58:00
Напишано од емилија