Сантон во Милан

Претседателот на екипата на Милан, Силвио Берлускони изјави дека клубот е сериозно заинтересиран за поранешниот играч на Интер, моментално член на англискиот премиерлигаш Њукасл, Давиде Сантон.

Давиде Сантон својата професионална фудбалска кариера ја започна во Интер, а наскоро би можел да стане играч на градскиот ривал на Милан.

Силвио Берлускони изјави дека 21-годишниот Сантон е еден од приоритетите кога се во прашање засилувањата.

„Сакаме да направиме екипа составена од млади фудбалери кои ќе го водат главниот збор како во Италија, така и во Европа. Давиде Сантон е еден од тие фудбалери за кој зборувам“ изјави Берлускони.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено среда, 09 јануари 2013 01:53:16
Напишано од admin