ФИФА против „плачковците“: Ел Класико повеќе никогаш нема да биде ист!

ФИФА планира да воведе ново правило, со цел да ги заштити судиите на фудбалските натпревари.

img

ФИФА планира да го позајми ова правило од рагбито, кое овозможува со судијата да зборуваат само капитените на тимот.

„Мислам дека можеме многу да научиме од секој спорт, но и тие да учат од нас. Овој пат имаме проблем и мора да се справиме со тоа“, рече Марко ван Бастен, легендарниот Холанѓанец, кој во ФИФА е одговорен за технички развој.

Во последниве години, судиите имаат најтешка работа во судирите на Барселона и Реал Мадрид, кога скоро сите играчи на тревата им вршат притисок.

Планот е таквите напади врз судиите строго да се казнат, а само капетаните да зборуваат со судиите.

„Има многу играчи кои се жалат во текот на играта. Ние треба да им помогнеме на судиите. Играта има многу емоции, и тоа е добро, но емоциите мора да се контролираат.“

Претходно, ФИФА воведе помош со видео-судија каде што на мал монитор се повторуваат клучните и спорни ситуации, што на судиите им помага да се избегнат грешките.

Facebook impact:

Објавено недела, 25 декември 2016 11:32:00
Напишано од Ирина