Меси од чорапите си вадел карамели

Фудалерите на Барселона во средата го совладаа Олимпијакос со 3-1 во дуел од третото коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот многу повеќе се зборува за потегот на Лео Меси отколку за другите случувања на теренот.

img

Главната ѕвезда на Барселона во еден момент од левата чораша извади нешто и стави во уста, а деталот го забележаа камерите. Шпанските медиуми првично пренесоа дека станува збор за таблета која содржи глукоза, која Меси ја користи за зголемување на мускулната енергија.

Меѓутоа, угледната Марка денеска откри нови податоци. Според најновите сознанија, напаѓачот на Барса си носел обична карамела и таа предизвика општа лавина од реакции ширум светските медиуми.

 

Facebook impact:

Објавено петок, 20 октомври 2017 11:16:00
Напишано од емилија


Последни вести