Тоти не отпатува во Баку, ќе слави роденден со семејството

Легендарниот фудбалер, сега директор на Рома, Франческо Тоти не отпатува за Баку, Азербејџан, бидејќи сакал да го прослави роденденот заедно со неговото семејство.

img

Тоти кој утре ќе наполни 41 година, одлучил првиот роденден по завршување на кариерата да го помине во кругот на своето семејство.

Беше најавено дека Тоти ќе патува со Рома во Баку на дуелот од Лигата на шампионите, а оттаму в петок требаше да оди во Тбилиси и да учествува на добротворен натпревар меѓу ветераните на Италија и остатокот од светот.

Останува да се види дали поранешниот италијански репрезентативец ќе им се придружи во Грузија на своите некогашни соиграчи од репрезентацијата.

Хуманитарниот натпревар е во организација на поранешниот играч на Милан, Бразилецот Кака, во знак на поддршка за неговиот поранешен клупски колега Каха Каладзе кој се кандидира за градоначалник на главниот грузиски град.

Своето учество на натпреварот го имаат потврдено Малдини, Пујол, Дино Баџо, Тони, Занети

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 26 септември 2017 03:49:00
Напишано од емилија


Последни вести