Тројца навивачи на Феенорд уапсени во Неапол

Тројца навивачи на холандскиот фудбалски клуб Фееноорд се уапсени денеска поради инциденти предизвикани во центарот на Неапол.

img

И покрај забраната за присуство на вечерашниот дуел Наполи – Феенорд, мала група навивачи од Холандија допатувала во Неапол за да го следи натпреварот од Лигата на шампионите. Дел од нив, меѓу кои и уапсените, фрлаа камења врз органите на редот, и уништија еден полициските автомобил.

Властите во Неапол и УЕФА им  забранија на навивачите на Феенорд да присуствуваат на „Сан Паоло“ за да се избегнат инцидентите кои холандските хулигани ги предизвикаа во Рим во февруари пред натпреварот од Лига Европа против Рома. Тогаш беа уништени две од симболичните фонтани во центарот на италијанската престолнина.

Приведување им се заканува на сите холандски навивачи кои ќе се обидат да купат билети за вечерашниот натпревар, бидејќи тоа ќе се смета за прекршување на наредбата на локалната полиција, ги предупреди Феенорд своите навивачи.

 

 

Facebook impact:

Објавено вторник, 26 септември 2017 03:46:00
Напишано од емилија


Последни вести