УЕФА го казни Манчестер Јунајтед: Еве кои фудбалери нема да играат во Скопје

УЕФА го казни Манчестер јунајтед со 10.000 евра оштета за прекршување на правилникот за анти-допинг тестирањата, за време на Европа-лига финалето против Ајакс. 

img

УЕФА исто така поединечно ги казни Фил Џоунс и Дејли Блинд бидејќи и двајцата фудбалери одбивале да ги извршат регуларните тестови по завршувањето на натрепварот.

Казните изнесуваат по 5.000 евра, а ќе имаат забрана за настап на Суперкупот во Скопје против Реал Мадрид, како и првиот меч од групната фаза во Лигата на шампиони.

Јунајтед има можност во следните три дена да поднесе жалба за казните, но УЕФА засега не знае дали клубот ќе се одлучи за таков потег.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 31 јули 2017 07:35:00
Напишано од Виолета


Последни вести