За само неколку дена еден милион барања за билети за СП 2018

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави дека за првите неколку дена од стартот на продажбата, добила речиси еден милион барања за билети за Светското првенство во Русија што ќе се игра следната година.

img

Менаџерот на билети на ФИФА, Фалк Елер информира дека најголем број од барањата се за отворањето – околу 60 илјади, како и за финалето за кое добиле 83 илјади апликации.

Најголем број барања се од Русија, Аргентина, Кина, Мексико и САД.

Првата фаза од продажбата започна на 14 септември и ќе продолжи до 12 октомври. Доставените барања за влезници не гарантираат добивање билет, бидејќи ако биде надминат лимитот, добитниците на билети ќе бидат одредени со лотарија.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 19 септември 2017 03:27:00
Напишано од емилија


Последни вести