Зошто Нејмар вреди 200, а не 600 милиони?

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон зборуваше за италијанските медиуми за престојната сезона во Серија А, како и на актуелната тема – летниот трансфер период.

img

Буфон смета дека на фудбалскиот пазар вредностите се променети и дека повеќе нема никакви правила. Голманот вели дека ова е „балон кој еден ден може да пукне“.

-Не разбирам повеќе кои се критериумите за да се одреди вредноста на еден фудбалер. Се е во рацете на оние кои имаат пари. Денес вреди 10 милиони евра, а веќе утре 100 милиони. Нормално е кога ќе се востановат некои вредности, да постојат и некои параметри. Се ова делува лажно. Зошто Нејмар да вреди 220 милиони, а не 600 милиони. Кога бев мал дедо ми говореше дека кога еден балон премногу ќе се надува, тој на крајот ќе пукне, изјави Буфон.

Буфон исто така го изнесе своето мислење за најголемиот „трошаџија“ ова лето во Италија – Милан.

-Се радувам што лигата ќе биде балансирана. Во спортска смисла оваа година повеќе ќе се ужива во Серија А. Дали е Милан кандидат за титулата? Сигурно дека е, потрошија многу пари и не сум изненаден поради тоа на ваков пазар. Бонучи е големо засилување за „росонерите“. Лео почувствува дека има потреба за нов предизвик, а Милан го заинтригира“, заклучи Буфон.

Facebook impact:

Објавено четврток, 27 јули 2017 03:53:00
Напишано од емилија