Најсилната невладина организација за спорт и спортски живот одбележа 5 години постоење

Вчера во ВИП Арената „Борис Трајковски“ се одржа свеченост на која се одбележаа пет години постоење на Центарот за едукација и менаџмент во спортот – ЦЕМС. Претседателот на ЦЕМС, Бојан Захариев на почетокот ги поздрави присутните гости и членови на ЦЕМС, истакнувајќи благодарност за сите кои придонесоа за досегашниот развој на Центарот. Особено беа посочени Пепи Манасков, Шабан Трстена, Артим Шаќири и уште неколку истакнати спортски работници.

img

 

Исто така, информираше дека Центарот ги опфаќа сите спортови и е наменет пред се за спортистите и нивен целосен развој од најмала возраст, па се до професионалните спортисти во делот на правна помош и совети кои им се потребни.

„Сакам со задоволство да Ви најавам дека во следниот период ЦЕМС ќе го збогатиме со низа активности од кои би ги издвоил соработката со Факултетот за спорт, здравје и образование во делот на едукација на нашите членови и соработка во истражувањето и анализите за развој на спортот. Исто така сакам да ја поздравам соработката со СЦ „Борис Трајковски“ кој во иднина ќе биде наш партнер за одржување на семинари, дебати, трибини и секаков вид спортски активности за потребите на Центарот.

Посебно задоволство ми е да најавам дека на последната седница на ИО беше избран Совет на ЦЕМС во кои за членови беа избрани: Гордана Нацева, Лазар Поповски, Индира Кастратовиќ, Зоран Бошковски, Шабан Трстена, Примислав Димовски, Пепи Манасков, Симе Симоски, Ѓоре Јовановски.

За нов потпретседател на ЦЕМС е избран Тони Симиќ, а за генерален секретар Ѓорѓи Маневски“, рече Захариев.

 

Во иднина акцент ќе биде ставен на соработката со сите институции од областа на спортот како и соработка со локалната самоуправа вклучувајки ги сите општини, со цел спортот да го добие местото кое го заслужува.

На присутните им се обратија и Александар Петровски,
Директор на СЦБТ кој не го криеше своето задоволство од соработката со ЦЕМС, Гордана Нацева која се осврна за мотивите за нејзиното вклучување во проектите на ЦЕМС која истакна дека морада се има и родова еднаквост кај спортистите и притоа ги повика сите истакнати поранешни спортисти да се приклучат и да им помогнат на најмладите во делот на унапредувањето на нивните кариери.

Тони Симиќ истакна задоволство за укажаната доверба и вети работа во делот на градење вистински вредности на спортистите како и максимална посветеност во делот на советите за правната помош на спортистите.

На крај беше одржана и мала свеченост каде од име на ЦЕМС, претседателот Бојан Захариев му додели благодарница на Трифун Костовски за особен придонес за развој и унапредување на спортот во Р. Македонија, на што Костовски се заблагодари и со посебно задоволство вети дека ќе помогне со својот авторитет и искуство во делот на остваруванје на идеите за развој на спортот.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 17 ноември 2017 10:30:00
Напишано од g0sh3


Последни вести