Британски тенисер доби забрана за играње откако падна на тест за кокаин

Британскиот тенисер Ден Еванс доби забрана за играње на една година бидејќи бил позитивен на тест за кокаин, за што тој изјави оти по грешка го помешал во својата торбичка за лекарства.

img

Тој падна на тестот на 24 април откако му бил земал примерок од крвта на Барселона опен, а суспензијата му почнува од тој датум.

27-годишниот Еванс ќе може да се врати на терените на 24 април следната година.

-Јас сум одлучен да му се вратам на спортот кој го сакам, изјави Еванс заблагодарувајќи им се на сите оние кои го поддржале за време на тешкиот период низ кој поминал.

 

 

Facebook impact:

Објавено среда, 04 октомври 2017 05:09:00
Напишано од емилија


Последни вести