Два бронзени медали за неготинските борачи

Два бронзени медали освоија борачите од Одновното општинско училиште „Страшо Пинџур” од Неготино на Државното првенство во борење за ученици во основни училишта кое се одржа вчера во Радовиш. За ова денеска информираше Јане Мелов, тренер на Градскиот боречки клуб од Неготино.

img

– Државното првенство беше во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија, кој традиционално секоја година организира вакво натпреварување, соопшти Мелов.

Станува збор за учениците Алек Ѓорѓиев и Ангелче Панев, кои се натпреваруваа во категорија до 32 и 38 килограми.

Facebook impact:

Објавено петок, 31 март 2017 15:12
Напишано од sasho




Барај