Македонците никогаш не се предаваат

img

Македонија трета година по ред ќе игра финале во Европската лига, но овојпат „спартанците“ ќе влезат во битката за златото осоколени по фантастичниот пресврт на полуфиналниот дуел со Данска. Во првите два сета Данците целосно доминираа, но оваа скандинавска селекција очигледно не ја научи лекцијата – Македонците никогаш не се предаваат.

Нашите одбојкари ги чекаа своите пет минути за да влезат во ритам, а кога го сторија тоа, веќе немаше запирање. Се редеа поени од сервис, напад, блок… додека домаќините во шок следеа како финалето им бега низ раце.

Вечерва победи срцето и карактерот на Македонците, кои покажаа дека не смеат да бидат отпишани ниту по два очајни сета и негатива од 0-2. А кога ќе се прикаже игра каква во финишот, јасно е дека златото е поблизу од било кога досега.

 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 02 јули 2017 11:11:00
Напишано од емилија


Последни вести