Најмладите борачи од Македонија се закитија со 3 медали

Агенцијата за млади и спорт организираше прием за боречките надежи кои се вратија од Балканското првенство во борење во Турција.

img

– Ги пречекуваме нашите јуниори кои се враќаат од Балканското првенство во борење кое се одржа во Бурса, Република Турција. Имено, нашите најмлади борачи се враќаат со освоени 3 медали, две сребрени медали и еден бронзен медал. Упатувам честитки до добитниците на медалите, но и до сите учесници кои ја претставуваа Македонија на овој шампионат. Исто така, во Словенија на Балканско Првенство заминуваат нашите пионери и кадети во борење. Агенцијата за млади и спорт целосно ги поддржува овие настани, од финансиски аспект и нашата намера е и во иднина да инвестираме во овој спорт во кој имаме значајни успеси. Уште еднаш, сакам да им честитам на нашите јуниори во борење, а на пионерите и кадетите да им посакам среќа и успех во Словенија, изјави директорот на АМС, Каевски.

Претседателот на Боречката федерација на Македонија, Бетим Вренези, изрази големо задовоство од неодамна завршеното Балканско првенство и од освоените медали, од кои два сребрени и еден бронзен. –

-Елмедин Сејфулау, еден од најголемите боречки надежи во Македонија и Емир Реџепи освоија сребро, додека пак Рамадан Мустафовски се закити со бронзен медал. Успехот е далеку поголем ако се земе фактот дека конкуренцијата беше огромна, особено ако треба да се победат спортисти од земјите каде борењето е традиција, како Турција, Бугарија, Романија. На Балканското првенство кое од 03-05.11 ќе се одржи во Словенија, македонската репрезентација ќе настапи со 17 натпреварувачи од кои две девојчиња, а од ова натпреварување се очекува уште поголем успех, изјави Вренези.

Facebook impact:

Објавено среда, 01 ноември 2017 01:36:00
Напишано од Вероника


Последни вести