Настапи на Вимблдон во петтиот месец од бременоста!

Тенисерката од Луксембург, Менди Минела, призна дека играше на Вимблдон во петти месец од бременоста, а причина за тоа е одличната финансиска награда што турнирот ја доделува за учеството.

img

Тенисерката од Луксембург загуби во првото коло од Италијанката Франческа Скијавоне со 6-1, 6-1, а по завршувањето на мечот ја шокираше јавноста со признанието дека е во петти месец од бременоста.

Таа дури е дел и од турнирот во двојки, каде игра во тандем со Летонката Анастасија Севастова.

Менди Минела за својот настап во првото коло заработи 35.000 фунти, а ќе добие и дополнителна сума за турнирот во игра на двојки.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 04 јули 2017 05:15:00
Напишано од емилија