Организаторите или бурниот ноќен живот во Лондон виновни за фијаското на Болт

Светскиот рекордер на 100 и 200 метри Јамајканецот Усаин Болт, не ја заврши својата фантастична кариера на начин на кој посакуваше, откако не победи на ниту една трка на Светското првенство во атлетика, во Лондон.

img

На финалето на 100 метри беше поразен од Американецот Џастин Гетлин, а во штафетната трка се здоби
со повреда и не ја заврши до крајот. Но, за тоа имало и причини. Болт премногу се опуштил пред
заминувањето во пензија. Пред финалетон на 100 метри бил на журка и уживал со рум, коњак и убави
девојки.

Но, неговите колеги од тимот сметаат дека организаторите на првенството се виновни за фијаското на
Болт во Лондон.

Имено, организаторите цели 40 минути ги оставиле атлетичарите да седат на ладно
пред почетокот на финалната трка на 4х100 метри, која најбрзиот човек на денешницата не ја заврши.
Предолго не држеа во чекалната.

На Усеин цело време му беше многу ладно. Тој ни кажа:

-Мислам дека ова е залудн, чекаме 40 минути, две церемнии на доделување на медалите се
случија додека сме тука. Продолживме да се загреваме и да чекаме, а потоа ја видовме
вистинската легенда на нашиот спорт, вистински шампион, како излегува на патеката и
доживува фијаско, изјави Јохан Блејк.

Финалната трка доцнеше десет минути што сите ги изнервира особено Омар Меклеод, кој прв трчаше за
Јамајка.

-Лудо е тоа што го направија. Стоевме околу 45 минути надвор. Не сум сигурн, но мислам
дека три церемонии на прогласување имаше пред трката. Ова ми го скрши срцето. Дадов се
од себе за Болт да се прости со злато, но името на Усеин уште долго ќе живее, порача
Меклеод.

Facebook impact:

Објавено вторник, 15 август 2017 05:33:00
Напишано од Виолета