Отворено писмо до братот Самсоненко!

Отворено писмо до братот Самсоненко !

img

Читај овде ти Сергеје Самсоненко. Читај овде сега !!
Ја прочитав твојава изјава, секаде ја има. Ги прочитав и коментарите од народов. Ако не си прочитал ти, еве ќе ти кажам шо пишуе. Народ те сака, народов е благодарен за све што си направил. Има исклучоци во изјавите на некои болесници, не велам не.
Туку ова ме зачудува ? Викаш дека после 11 години овде Македонија ти е како дом .
Епа Сергеје, стегни ременот ,зашто ДОМОТ не се остава така лесно. Нарочито не без борба !!
Знам дека во овие 11 години поминати овде имаш попримено нешто Македонско. Се гледа, брзо се распламтуваш на неправдини. ТОА Е МАКЕДОНЕЦ !!
Таквии сме ние македонците, премногу веруваме и затоа одма се разочаруваме на неправди.
Ти велат си крадел, си имал нелегални бизниси..Љубомора е тоа Сергеје, љубомора што ти покрај толку богатство имаш и доблест да го споделуваш за доброто на сите.
Тие Сергеје све однесоа од државава, стотици фабрики затворија и продадоа .. денар на народ не му дадоа.
Љубоморни се што ти си роден со СРЦЕ а тие тоа срце ни по 100 живота нема да го имаат.
Затоа ..дај..подзастани малку, размисли, ..сети се дека народов е позади тебе. Сите сме имале ние погрешни одлуки во животот а и ти си имал сигурно
Ова кавгава со картите не е некоја прва кавга и сериозна за да си одиш,знаеме тоа. А ако народ или навивач те навредил тоа е зашто верува во тебе и за момент се осетил разочаран. Реагира како што реагираш и ти, онака МАКЕДОНСКИ !
Се надевам ќе стигне ова некако до тебе. Ќе прочиташ ваљда, а ако го прочиташ се надевам малку ќе размислиш и ќе ми одговориш во истиов твој стил како што го имаш доле на сликава.
Застани СЕРГЕЈ.....ДОМОТ така лесно не се Остава !!!!
И да знаеш..ти си МАКЕДОНЕЦ,....сакал или неќел.
И да знаеш....МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СО ТЕБЕ.
Напред Вардар !!! 

Facebook impact:

Објавено сабота, 12 август 2017 11:35:00
Напишано од Виолета