Победа на Лина Ѓорческа во Мелбурн

 

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја оствари првата победа во квалификациите на Грен слемот Австралија Опен.

 

img

 

Таа ноќеска во Мелбурн во првото коло ја победи Саша Викери од САД со 2-1 во сетови за еден час и 40 минути игра.

Првиот сет Ѓорческа го доби со 6:2, Викери изедначи на 1-1 по 6:3 во вториот сет, а со истиот резултат Македонката славеше во решавачкиот трет сет.

Во второто квалификациско коло Ѓорческа ќе игра против Далма Галфи од Унгарија. Овој меч е закажан за вечер во 3 часот по полноќ.

 

Се вчитува прикажувачот на видео...

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 10:25:00
Напишано од Емилија