Рекреативен планински настан „Тура преку Слива 2016“

Здружението на љубители на ридско-планински активности, рокенрол и добра чашка во координација со Општина Прилеп го организираше третиот рекреативен планински настан „Тура преку Слива 2016“.

img

„Имаме пријавено повеќе од 150 учесници. Настанот се состои од две групи планинари кои тргнаа рано наутро и ќе ги посетат археолошките локалитети на врвот „Висока“ каде се наоѓаат остатоци од Кралскиот дворец кој датира од п.н.е. Кралската гробница кај месноста Павла Чука на локалитетот Старо Бонче и праисториското светилиште Палатица во с.Штавица. Потоа продолжува со велосипедската офроуд тура започнувајќи од центарот на градот, потоа селата Волково и Чумово, па преку превојот Слива познат како „Порта Мариовска“ и продолжуваме кон Бонче, Подмол, Марул, Штавица и повторно се враќаме во градот, посочи во својата изјава Душко Димкоски организатор.

„Целта на оваа манифестација е промоција на убавините на Селечка планина и развој на алтернативниот туризам како: велосипедизам, планинарство и планинско трчање“, посочи градоначалникот Марјан Ристески кој беше дел од овој настан.

Манифестацијата заврши со заеднички ручек и мала забава за сите учесници.

Facebook impact:

Објавено недела, 02 октомври 2016 14:55
Напишано од Ирина




Барај