ШК „Алкалоид“ е новиот европски вицешампион!

Во последното коло на Европскиот Клупски Куп ШК „Алкалоид“ за противник ја имаше романската екипа Csm Baia Mare. За екипата на „Алкалоид“ победи остварија Јаковенко Дмитри на петтата и Јуриј Криворучко на шестата табла. Двајцата се здобија со јасна предност после одиграните отворања и не им дозволија на нивните противници да ја изедначат позицијата.

img

Партиите на првите четири табли завршија нерешено. Овој резултат беше доволен за екипата „Алкалоид“ да оствари сигурна победа од 4:2.

Со освоени 11 меч бодови (од можни 14)  ШК „Алкалоид“ постигна голем успех освојувајќи го второто место. На делба на второто место се најдоа и азербеџанската екипа „Odlar Yurdu“ и екипата на „Ave Novy Bor“ од Чешка, но македонската екипа имаше подобар дополнителен критериум. Златниот пехар заслужено го освои руската екипа „Globus“ со еден бод повеќе, односно 12 меч бодови.

Покрај сребрените медали за екипниот пласман на турнирот, шахистите на „Алкалоид“ постигнаа одлични индивидуални резултати притоа освојувајќи една сребрена и четири златни медали.

Со сребрен медал се закити Динг Лирен кој што направи 5 поени од 7 партии и го имаше вториот најдобар перформанс на првата табла. Со тоа уште еднаш докажа дека може рамноправно да се бори против најсилните светски играчи.

На третата табла златен медал освои Дмитри Андреикин со 5,5 поени од 7 партии и перформанс од 2786 поени. Со овој резултат заработи осум рејтинг поени.

На четвртата табла, секогаш одличниот, Ју Јангји одигра одличен турнир и освои 5,5 поени од 7 партии притоа освтварувајќи 4 победи и 3 ремиња. Ју првпат настапи за ШК „Алкалоид“ во 2015 година, од тогаш има играно три пати на Европски Клупски Куп за екипата на Алкалоид и секоја година освојува медал со идентичен резултат 5,5 поени од 7 партии.

Златниот медал на петтата табла му припадна на рускиот велемајстор Дмитри Јаковенко кој исто така освои 5,5 поени од 7 партии.

Украинскиот велемајстор Јуриј Криворучко повторно одигра одличен турнир настапуваќи за ШК „Алкалоид“. Тој на шестата табла освои 6 поени од можни 7, притоа победувајќи шест партии и ремизирајќи две, без ниеден пораз. Со перформанс од 2784 поени заслужено го освои златниот медал на својата табла.

Facebook impact:

Објавено недела, 15 октомври 2017 10:55:00
Напишано од емилија


Последни вести