ШК „Алкалоид“ повторно во борба за врвот на Европскиот Клупски Куп 2017

Најуспешниот клуб во шаховската историја на Македонија ШК „Алкалоид“ и актуелен Европски Клупски Шампион, оваа година повторно патува на најсилното клупско шаховско натпреварување со амбиции за висок пласман. Турнирот ќе се одржи од 08 до 14 Октомври во Анталија, Турција. По историскиот резултат со освојувањето на Шампионската титула минатата година, ШК „Алкалоид“ повторно има за цел освојување една од медалите. Најсилен конкурент и рејтинг фаворит на турнирот е екипата на „Globus“ од Русија (поранешен „Siberia“, која беше шампион 2015 година). Следат „Mednyi Vsadnik“ и „Legacy Square Capital“ исто од Русија, потоа освојувачите на шампионската титула во 2013 „AVE Novy Bor“ Чешка и „Odlar Yurdu“ од Азербеџан.

img

Составот на „Алкалоид“ е ист како претходната година, по двајца врвни велемајстори од Кина, Украина и Русија, заедно со двајцата најдобри македонски шахисти.

–Ding Liren (роден 1992), член на кинеска репрезентација и освојувач на златен медал на Олимпијадата 2014 и на Светското Екипно Првенство 2015, при тоа и бронзен медал за индивидуален резултат. Ding е трикратен шампион на Кина (2009, 2011, 2012). Во 2017 година остварува неколку извонредни резултати. Победа на супертурнирот Shenzhen Longgang Chess Grandmaster Tournament – Кина, и на турнир од FIDE Grand Prix 2017 Series, Москва – Русија. Во Септември 2017 на Светскиот Куп (World Cup 2017, Georgia) низ систем на меѓусебни елиминации од 128 учесници на стартот стигнува до финалето и се пласира на турнирот на кандидатите за светски шаховски првак.

–Yu Yangyi (роден 1994), член на кинеската репрезентација со која освојува златен медал на шаховската Олимпијада 2014. Најмлад член на екипата на „Алкалоид“ , за која во 2015 освојува златен, а во 2016 сребрен медал за индивидуален резултат на Европскиот Клупски Куп.

–Eljanov Pavel (роден 1983), најдобриот Украински шахист во моментов кој со Украинската репрезентација има освоено две олимписки злата; во 2015 година на Светскиот Куп стигна до полуфинале, во кое беше поразен од победникот на турнирот, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010 и 2016).

–Jakovenko Dmitry (роден 1983), Европски шампион за 2012 година; Светски јуниорски првак до 18 години во 2001 година; Со Руската репрезентација Првак на Европскиот Екипен Шампионат за 2007 година и носител на сребрен Олимписки медал за 2012 година, два пати златен медал за индивидуален резултат на Олимпијада (2008 и 2012), три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2005, 2006 и 2016).

–Andreikin Dmitry (роден 1990); Светски јуниорски првак за 2010 година и Шампион на Русија за 2012 година, три пати член на шампионска екипа на Европски Клупски Куп (2009, 2010 и 2016), два пати (2008 и 2012) златен медал за индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

–Kryvoruchko Yuriy (роден 1986) член на Украинската шаховска репрезентација; Шампион на Украина за 2013 година и континуирано член на ШК „Алкалоид“ во последниве 6 години; 2015 година втор најдобар индивидуален резултат на Европски Клупски Куп.

–Панчевски Филип (роден 1988), член на Македонската шаховска репрезентација. Шампион на Македонија 2010, 2012, 2014, 2016.

–Недев Трајко (роден 1973), член на Македонската шаховска репрезентација, со која освојува сребрен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 1996 и Европското Екипно Првенство 2003 година. Шампион на Македонија 1997, 2000 и 2011.

–Јаќимовиќ Драгољуб (роден 1964), како член на Македонската шаховска репрезентација освојува златен медал за индивидуален резултат на Олимпијадата 2000. Долгогодишен селектор на репрезентацијата. Капитен на екипата на ШК Алкалоид од 2009 година.

Составот на екипата е одраз на одличен тимски дух, играчи кои меѓусебно се почитуваат и соработуваат во интерес на постигнување најдобар резултат за клубот. Редоследот на играчите по табли Алкалоид ќе го објави на самиот почеток на натпреварите.

 

 

Facebook impact:

Објавено петок, 06 октомври 2017 12:30:00
Напишано од емилија


Последни вести