Стартува Вимблдон

Денеска во Лондон стартува 131-то издание на вимблдонскиот тениски турнир за кој експертите очекуваат да биде еден од најинтересните и најнеизвесните.

img

Причини за тоа има повеќе. Првата е дали ќе дојде до триумф на некој од искусните фаворити или пак мразот ќе го пробие некој од помладите.

Прв на АТП листата е Енди Мареј кој игра неубедливо во новата сезона. Роже Федерер игра добро но ги пропушти турнирите на земја. Надал е во добра форма но дали ќе го издржи притисокот од повреди на брзиот терен како што е тревата.

Новак Ѓоковиќ може да блесне иако не е во посакуваната форма. За него е интересно што може да освои многу поени и да го поправи пласманот на АТП листата бидејќи лани беше елиминиран во 3. коло.

Следен фаворит е Стан Вавринка кој покажа дека знае да одигра голем турнир и да ја темпира формата.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено понеделник, 03 јули 2017 11:37:00
Напишано од емилија