Уапсен шефот на Олимпискиот комитет на Бразил

Бразилската полиција денес го уапси шефот на националниот Олимписки комитет Карлос Артур Нузман, кој е обвинет дека е вмешан во плановите за купување гласови од членовите на Меѓународниот олимписки комитет, така што Рио де Жанеиро да биде избран за домаќин на Летната олимпијада 2016 година.

img

Од тамошната полиција соопштија дека со најновата фаза од истрагата уапсен бил и поранешниот директор на Олимписки комитет на Бразил, Леонардо Глинер.

Олимпијадата во 2016 година ја доби Рио, но подоцна беа обелоденети неколку афери поврзани со купување гласови за добивање на организацијата.

Facebook impact:

Објавено четврток, 05 октомври 2017 03:22:00
Напишано од емилија


Последни вести