Во третото коло на Австралија опен: Федерер против Ноле или Мареј!

Преостануваат уште четири дена до почетокот на првиот гранслем-турнир сезонава, Австралија опен, а веќе се познати носителите.

img

Како прв носител првпат во својата кариера ќе биде Енди Мареј, втор е Новак Ѓоковиќ, додека четирикратниот шампион од Мелбурн, Роџер Федерер, е 17. и во зависност од ждрепката во третото коло ќе се сретне или со Мареј или со Ѓоковиќ.

Шпанецот Рафаел Надал е деветти носител, а во првите десет се уште и Раониќ (3.), Вавринка (4.), Нишикори (5.), Монфилс (6.), Чилиќ (7.), Тием (8.) и Бердих (10.).

Ждрепката ќе се одржи утре, а првите мечеви ќе се одиграат во ноќта меѓу недела и понеделник по средноевропско време.

Facebook impact:

Објавено четврток, 12 јануари 2017 05:14:00
Напишано од Емилија



Последни вести