Грчките ракометарки не сакаат да излезат на терен зашто пишува Македонија

Грчката ракометна женска репрезенентација до 17 години во моментов не сака да излезе на теренот во спортската сала „Кале“ каде во 17 часот требаше да го почне мечот со репрезентацијата на Македонија како дел од Европското кадетско првенество. Причина за тоа е што на маиците на македонскиот стручен штаб пишува „Македонија“.

img

Од грчката репрезентација сега бараат македонскиот стучен штаб да облече неутрални маици, односно да се покрие името „Македонија“.

Во моментов трае убедувањето да се излезе на терен, а во истото учествуваат и челници на РФМ.

Facebook impact:

Објавено среда, 02 август 2017 11:34:00
Напишано од емилија