Кире Лазаров избран за најдобар европски ракометар за месец декември

Кире Лазаров во машка и Нике Грот во женска конкуренција се најдобрите европски ракометари за месец декември, објави ЕХФ преку својата официјална веб-страница.

 

img

Европската куќа на ракометот избира најдобар ракометар и ракометарка за секој месец во календарската година, a декемвриското признание завршува во рацете на македонскиот десен бек благодарение на извонредното издание на дербито со ПСЖ во Лигата на шампионите.

 

Зад капитенот на македонската репрезентација се: голманот на Кјелце, Филип Ивиќ, потоа Јонас Калман од Пик Сегед, Хулен Агинагалде од Кјелце и Алекс Душебајев од Вардар.

Наградата за најдобра европска ракометарка за декември сосема очекувано замина во рацете на Нике Грот, холандската репрезентативка инаку МВП на Европското првенство што минатиот месец се играше во Шведска.

Facebook impact:

Објавено среда, 11 јануари 2017 07:21:00
Напишано од elenaM


Последни вести