Македонија на контролен дуел со Катар

Младинската машка ракометна репрезентација на Македонија (до 21 година) од вчера е во Доха каде утрово го одработи и првиот тренинг пред двете пријателски средби со домаќинот Катар.

img

Селекторот Иле Темелковски на располагање ќе има 16 ракометари кои против Катар ја работат последната фаза од подготовките за настап на Светското pрвенство во Алжир.

Првата од двете подготвителни средби со Катар се игра попладнево од 18 часот, а вториот натпревар е предвиден за утре во истиот термин.

Македонија настапот на Светското првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо.

Четирите најдобро пласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 11 јули 2017 02:02:00
Напишано од емилија


Последни вести