Македонските млади ракометарки останаа без медал на ЕП

Репрезентацијата на Македонија заврши како четвртопласирана на Европско кадетското првенство за ракометарки до 17 години што се одржа во Скопје.

img

Нашите ракометни надежи не успеаја да го крунисаат со медал добриот настап на шампионатот, откако во дуелот за бронзениот медал беа поразени од Бугарија со 25-30 полувреме 10-13.

Најефикасна ракометарка во нашиот состав беше Марија Тасевска со седум гола, а ја следеше Мила Трајковиќ со шест гола.

На Европското првенство во Скопје, Македонија до 17 години заврши на четвртото место, со победи над Грција, Швајцарија и Фарски Острови, а загуби од Полска и Бугарија.

Првото место го освои Словенија која во финалето со 31-30 ја победи селекцијата на Полска.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 07 август 2017 09:35:00
Напишано од Емилија


Последни вести