Нашите ракометарки изборија пласман во баражот за Светското првенство!

Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди пласман во баражот за Светското првенство 2017 – та во Германија откако го совлада Исланд со 27:20 во натпреварот од 3 – то коло на квалификацискиот турнир кој се игра на Фарските Острови.

img

На Македонија и требаше победа изразена со седум голови разлика, последниот гол кој не одведе во баражот го постигнавме во последните моменти од мечот  , реализираше Елена Ѓеорѓиевска. Противникот во баражот избраничките на Симе Симовски ќе го дознаат по завршувањето на Европското првенство кое што се игра во Шведска.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено недела, 04 декември 2016 08:16:00
Напишано од Maja