Сега и реми ни одговара за полуфинале

Се отворија работите во групата 2 во Вараждин, откако вечерва Словенија ја совлада Шпанија со  31-26 Сега патот на Македонија е за нијанса полесен затоа што постојат реални варијанти за пласман во полуфиналето и со едно реми и една победа во двата наши преостанати меча. 

img

Кој очекуваше дека „отпишаните“ Словенци ќе воскреснат и ќе ја совладаат Шпанија? Тоа се случи вечерва во Вараждин и веднаш проработеа дигитроните. Пред нашиот натпревар со Чешка (вечерва 20.30 ч.) табелата гласи: Данска 6, Германија 4, Шпанија 4, Македонија 3, Словенија 3, Чешка 2 бода.

Оттука на Македонија ѝ се отвораат варијанти со кои може да се пласира во полуфинале со една победа и со едно реми.

Ако вечерва одиграме реми со Чешка, а утре ја победиме Данска, тогаш сме во полуфинале ако Германија ја победи Шпанија или ако одиграат нерешено.

Ако вечерва ја победиме Чешка, а утре одиграме реми со Данска, тогаш сме во полуфинале ако Германија и Шпанија одиграат нерешено.

Словенците, од друга страна ќе навиваат против нас, за Чешка, за да ги оживеат своите кревки шанси за полуфинале. Затоа вечерва гризаа против Шпанците и одиграа маестрално второ полувреме, кое го добија со 18-14, за вредна победа. Одличен беше нивниот голман Урх Кастелиц со 12 одбрани, а стрелците ги предводеше Гаспер Маргуч со пет погодоци. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено вторник, 23 јануари 2018 08:26:00
Напишано од Виолета


Последни вести