Штербик обезбеди место во идеалниот тим на колото

Штербик обезбеди место во идеалниот тим на колото

img

По одличниот настап во саботниот триумф над Фленсбург, голманот на Вардар Арпад Штербик обезбеди место во идеалниот тим на првата рунда од четврфиналето во ракометната Лига на шампиони. на изборот на медиа тимот на ЕХФ.

Во изборот на медиа тимот на ЕХФ, Штербик ја имаше и четвртата најдобра одбрана од топ 5, додека со новата мајсторија Тимур Дибиров го имаше најубавиот гол од петте избрани во четвртфиналето.

Во тимот на колото влегуваат:

Лево крило – Уве Генсхајмер (ПСЖ)

Лев бек – Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Среден бек – Арон Палмарсон (Веспрем)

Десен бек – Марко Вуин (Кил)

Десно крило – Никлас Екберг (Кил)

Пикер - Лудовик Фабрегас (Монпелје),

Голман – Арпад Штербик (Вардар)

Facebook impact:

Објавено понеделник, 24 април 2017 08:04:00
Напишано од Виолета


Последни вести