Вардар на врвот во СЕХА лигата

Ракометарите на Вардар со победата постигната синоќа на теренот на Горење со 31:29 го обезбедија првото место на табелата во СЕХА лигата во регуларниот дел.

img

Во неизвесен натпревар двете екипи се менуваа во водство, а во последните минути Вардар направи серија од 4-0 и поведе со 31:28 во последната минута што значеше обезбедување на победата.

„Црвено-црните“ ќе ја имаат позицијата број 1 на „фајнл-фор“ турнирот.

Тимур Дибиров со 8 голови беше најефикасен, додека 6 голови постигна Вуко Борозан.

На вториот натпревар одигран вчера Веспрем – Извиѓач 36:31.

Табела: Вардар 44 бодови (17 натпревари), Веспрем 41 (17), Цеље 30 (16), ППД Загреб 28 (13), Мешков Брест 26 (15), Горење 12(13), Нексе 12 (14), Металург 10 (14), Татран Прешов 10 (14), Извиѓач 3 (15).

Facebook impact:

Објавено понеделник, 06 февруари 2017 08:42:00
Напишано од Емилија


Последни вести