Вардарки славеа победа на гостувањето кај Турингер

Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа во Лигата на шампионките совладувајќи го денеска на гостувањето германскиот првак Турингер во рамките од 2. коло на Ц групата со 29-19.

img

Германките беа рамноправни само во првите 10 минути, кога резултатот беше израмнет 6-6, по што следуваше серија на Вардар од 6-0 за водство во 16. минута со шест гола разлика (12-6), за на крајот на полувремето да заминат со предност од осум гола (19-11)

Во второто полувреме избраничките на Ирина Дибирова, рутинирано ја одржуваа предноста, која на крајот на мечот изнесуваше десет гола 29-19.

Најефикасна во редовите на Вардар беше Јованка Радичевиќ, која средбата ја заврши со 7 гола, додека по 5 постигна Александра Лакамбре, Андреа Лекиќ и Андреа Пенезиќ, сите во првото полувреме.

Вчера, во првата средба од оваа група унгарскиот ФТЦ со 37-33 го совлада Ларвик.

По два одиграни меча, ЖРК Вардар е лидер на табелата со максимални 4 бодови, пред ФТЦ и Турингер кои имаат по 2, односно норвешкиот Ларвик, кој е без освоен бод.

Токму Ларвик е следниот противник на ЖРК Вардар во мечот, кој ќе се игра на 21 октомври (сабота) во Норвешка.

Facebook impact:

Објавено недела, 15 октомври 2017 04:05:00
Напишано од емилија


Последни вести