Бебе починало заборавено во автомобил на паркинг

Бебе почина во автомобил откако цел ден беше оставено на паркинг во Охајо, САД, соопштија локалните власти.

img

Петнаесетмесечното девојче било откриено вчера околу 17 часот по локално време на паркинг на компанијата „Проктер енд Гембл“ во гратчето Мејсон, на 40 километри североисточно од Синсинати.

Мајката, која е вработена таму, се чини, го заборавила бебето додека била на работа, па кога потоа повикала Итна помош, веќе било доцна.

Нема информации дека е покренато обвинение против родителот.

Oвие немили настани се прилично чести во оваа американска сојузна држава. На почетокот на минатата година, осумгодишно момче беше пронајдено мртво во гратчето Дејтон, а само неколку месеци претходно, пред точно две години, сличен случај имаше и во градот Македонија. 

Facebook impact:

Објавено четврток, 24 август 2017 05:42:00
Напишано од емилија