Хорор:Ја задавил поранешната сопруга, па наместил ураганот да го однесе телото

Поранешниот сопруг на 37-годишната Кристал Мекдовел, која исчезнала ден пред Харви да удри во Хјустон, се појавил пред судот, каде го признал злосторството.

img

Кристал живеела со поранешниот сопруг, Стивен, бидејќи нејзиниот дом се реновирал. Меѓутоа, таа се забавувала со друг маж неколку недели. Постои сомнение дека љубомората на Стивен била мотив за убиството.

44-годишниот Стивен им признал на полицајците дека ја задавил Кристал во дневната соба, додека нивните деца на возраст од 5 и 8 години спиеле во соседната соба.

Злосторството се случило непосредно пред ударот на ураганот Харви.

“Мислам дека Стивен добро знаел што прави. Знаел дека доаѓа олуја и се надевал дека таа ќе му помогне да ги сокрие трагите”, рекло момчето на Кристал, Пол.

Стивен во полицијата ги признал сите детали од злосторството, па така рекол дека телото го фрлил во шума. Четири дена по исчезнувањето, нејзиниот автомобил бил пронајден на поплавен паркинг пред мотел.

На Стивен му е одреден притвор, а децата се сместени кај роднини.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 15 септември 2017 03:41:00
Напишано од емилија