Осум лица загинаа при експлозија во хемиска фабрика

Осум лица загинаа при експлозија и последователен пожар во хемиска фабрика во источната кинеска провинција Шандун.

img

Кинеските медиуми јавија дека несреќата била предизвикана од експлозија на резервоар со течен гас во зоната за товарење и истоварање во фабриката „Лини Зињу петрокемикал“ денеска околу пладне, по локално време.

Како резултат на експлозијата избил пожар, што зафатил неколку резерворари со гориво.

Сопственикот на фабриката  е приведен, а повредените лица се хоспитализирани. Кинеските власти наведоа дека се повредени девет лица.

Пожарот во фабриката е изгаснат.

Facebook impact:

Објавено понеделник, 05 јуни 2017 02:03:00
Напишано од емилија