Руска 14 годишна манекенка почина на сред ревија!

Руската манекенка, 14 годишната Влада Џуба, која се сруши после 13 часовен моден маратон во Шангај, падна во кома и после два дена почина, најверојатно ќе биде кремирана, а нејзините посмртни остатоци ќе бидат вратени дома за еден месец.

img

Иако прво се тврдеше дека Влада имала менингитис, новите наоди покажале дека починала од септикемија, болест кај која патогените микроорганизми или нивниот отров продираат во крвта и се задржуваат во неа.

Агенцијата за која работело девојчето ги демантираша обвинувањата дека тинејџерката починала од исцрпеносст. Но, медиумите пишуваат дека девојките се справувале скоро со ропски однос и дека не смееле да се јават на лекар во страв да не ги изгубат договорите.

Мајката на починатата манекенка, Оксана кажа дека ќерка и ја побарала преку телефон и рекла: „Мамо ужасно сум уморна, само ми се спие“. Загрижената мајка пробала веднаш да отпатува во Кина, меѓутоа кога кинеските власти и издале виза, нејзината ќерка за жал веќе била мртва.

Тогаш се видело дека на малата Влада после плаќањето на смештајот, храната и авионските карти и останале седум евра. Нејзините родители не можат да платат авионска карта за Шангај, па нивното дете на последното патување ќе го испратат службеници од Кина.

Џуба починала неполни две недели пред својот 15-ти роденден. Во Кина лицата помлади од 16 години можат да работат во одредени сектори, доколку за тоа добијат официјална дозвола. Многу манекенки од Советскиот Сојуз заминуваат во Кина, за да изградат кариера во суровата манекенска бранша.

Државниот правобранител за човекови права од Москва го презема случајот како во потполност би ги разјаснил околностите кои довеле до смртта на Влада Џуба.

Facebook impact:

Објавено вторник, 31 октомври 2017 07:46:00
Напишано од Вероника