Се разнесоа двајца терористи во Турција

Двајца терористи од екстремистичката и забранетата организација „Маоистичка комунистичка партија“ се разнесоа во турскиот округ Тунџели, одбивајќи да и се предадат на полицијата, пишува денеска весникот „Милиет.

img

Весникот нагласува дека полиција опкружила куќа во селото Енидогду, во која се наоѓале борци и им наредила да се предадат.

Екстремистите одбиле да го сторат тоа, се затвориле во бањата и активирале рачна граната.

За време на претресот биле пронајдени автоматска пушка и муниција, три гранати и рачно изработена експлозивна направа.

Тагови:

Facebook impact:

Објавено петок, 18 август 2017 10:40:00
Напишано од Емилија