Семејна расправија заврши како терористички напад

Најмалку две лица се повредени кога автомобил влетал во група луѓе пред еден бар во шпанскиот град Хуелва  што предизвика страв од тероризам по нападите во Барселона и Камбрилс, јавија шпанските медиуми.

img

Полицијата сепак соопшти дека причината за нападот најверојатно е семејна расправија.

Двајца мажи на возраст од 18 и 31 година се повредени во инцидентот за кој има видео снимка и на кој се гледа како околу црн автомобил на средина на улица се собрани група луѓе кои што фрлаат столови и други делови од мебел. Веднаш потоа возачот, кој подоцна е уапсен од полицијата, излегува од автомобилот и бега.

– Граѓаните претрпеа напади на паника, затоа што виделе како автомобил влегува меѓу луѓе, изјави во врска со нападот, советникот за безбедност на граѓаните во Хуелва, Енрике Гавин.

Facebook impact:

Објавено четврток, 07 септември 2017 05:48:00
Напишано од емилија