Во тек е потрагата по убиецот: Пронајдено 2 годишно девојче со пресечен врат!

Според зборовите на потпаролот на полицијата, таткото на детето не е пронајден во куќата и се сомнева дека токму тој го направил ова злосторство.

img

Во Германија е во тек потрагата за убиецот на двегодишното девојче, чие тело е пронајдено во куќата, јавуваат германските медиуми.

Полицијата соопштила дека девојчето се здобило со повреди околу вратот, додека некои локални медиуми известуваат дека и бил пресечен вратот.

Телото на девојчето било пронајдено кога полицијата ја посетила нивната фамилијарна куќа во Нојграбен во Хамбург, откако мајката на девојчето поднела пријава за закана и вознемирување.

Полицијата дошла до куќата за да му даде забрана за приближување на таткото, меѓутоа го затекле телото на починатото девојче. 

Facebook impact:

Објавено вторник, 24 октомври 2017 11:47:00
Напишано од Вероника