Амансио Ортега му го презеде тронот на Бил Гејтс како најбогат човек во светот

Шпанскиот магнат Амансио Ортега, сопственик на трговски синџир за текстил, меѓу кои и на светски познатата марка „Зара“, е најбогатиот човек на светот според најновата листа на магазинот „Форбс“.

img

Акциите на матичната компанија на Ортега „Индексит“, која се занимава со производство и продажба на текстил, пораснаа за 2,5 отсто, што според „Форбс“, го зголеми неговото богатство на 79,5 милијарди долари.

Богатството на Бил Гејтс на новата листа на магазинот изнесува 78,5 милијарди долари.

Меѓутоа, покрај импресивното богатство и влијанието кое го има во бизнисот, многумина никогаш не чуле за Амансио Ортега.

Овој мистериозен Шпанец има 80 години, исклучително е посветен на приватниот живот, а во медиумите ретко се појавува.

Ортега заедно со својата сопруга Росалија го основаа модниот бренд „Зара“ во 1975 година. Бизнисот го проширија со основање со компанијата „Индитекс“, која е сопственик на „Зара“, но и на брендовите како што се „Масимо Дути“ и „Пул ен бер“.

Ширум светот има повеќе од 6.600 продажни објекти.

Facebook impact:

Објавено сабота, 10 септември 2016 10:32
Напишано од Ирина




Барај

Последни вести