Најмистериозната книга од средниот век наскоро ќе биде достапна за јавноста

Една од најенигматичните книги во светот ќе се репродуцира во Шпанија, а станува збор за Ракописот на Војнич, напишан на средновековен пергамент, на јазик кој ни најголемите криптографи во светот никогаш не успеале да го дешифрираат.

img

Стотина истражувачи го минале својот живот обидувајќи се да ја дешифрираат таа мистериозна книга со страници испишани со елегантен ракопис, со илустрации од чудни билки и цртежи од голи жени.

Делото ретко излегува од сефот на библиотеката Бејнек во Универзитетот Јејл во САД. Но, мала издавачка куќа со седиште на северот на Шпанија, Силое, конечно по 10-годишни напори добила дозвола за репродукција и печатење од речиси 1.000 примероци, на голема радост на директорот на издавачката куќа.

„Ова дело е навистина нешто посебно“ - рекол Хуан Хозе Гарсија од седиштето на издавачката куќа.

 

Toj има намера да издаде толку веродостојни факсимили од манускриптот на Војнич, да може да се видат дамките, дупките и другите незгоди кои ги доживеал стариот пергамент.

Кога ракописот бил даден на датирање во 2009. година, било откриено дека настанал помеѓу 1404. и 1438. година. Библиотеката секој месец прима илјада мејлови од лица кои мислат дека ја откриле мистеријата на кодот.

Facebook impact:

Објавено среда, 24 август 2016 17:29
Напишано од Ирина




Барај

Последни вести