Откриен е нов фрагмент од сумерскиот „Еп за Гилгамеш“

Пронајдена е табла со 20 претходно непознати делови од еден од најстарите книжевни дела во светот „Епот за Гилгамеш“.

img

Официјалните лица на музејот „Сулејманија“ во ирачки Курдистан, објавија дека во сопственост на музејот е оригиналниот артефакт со дел од прочуениот еп.

До откритието е дојдено случајно, откако музејот од еден шверцер купи 80-90 глинени табли.

Бидејќи повеќето делови од текстот се наоѓани во фрагменти, секогаш постоела можност дека ќе се појават уште делови од епот.

Верзијата што денес ја знаеме и која е дел од средношколската лектира, беше откриена во 1853 година во Ниневија и оттогаш не се променила многу.

По војната во Багдад во 2003 година, музејот „Сулејманија“ им плаќал на шверцерите за да се задржат артефактите во земјата.

Кон крајот на 2011 година, новооткриената табла со еден куп на други табли била донесена од шверцер, а во музејот ја забележал професор Фарук ал Рави, кој инсистирал музејот да му плати на шверцерот сума од околу 800 долари.

По долго истражување откриено е дека таблите датираат од периодот 2000-1500 година пред н.е.

Оваа табла е дел од петтото пеење на епот и дава објаснување за другите делови од текстот. Новооткриениот текст покажува, меѓу другото, дека херојот Гилгамеш, цар на Урук и неговиот пријател Енкиду чувствувале вина поради убиството на Хумбаба.

Facebook impact:

Објавено вторник, 22 ноември 2016 15:06
Напишано од Ирина




Барај

Последни вести