Албанија нова колевка на ИД?!

Дневниот весник „Ла Република“ под наслов „Тероризам, знамиња на ИД се веат во албанските села“ оценува дека Албанија е нова колевка на ИД.

img

Весникот алармира за зголемената опасност од тероризмот во Албанија бидејќи е зголемен бројот на радикални исламисти во земјата.

Според „Ла Република“, која се повикува на информации добиени од италијанската тајна служба, Италија е во опасност од можни напади и оти во најголем ризик е регионот на Пулија.

– Момчиња од селата Лешница, Загорци и Ремен, се оние од кои  денес се тресе Европа. Најопасен од нив беше Алмир Даци, по потекло од Лешница, кој раководеше со џамијата во која се радикализирани многу лица. Алмир Даци, се тврди, дека загинал во Сирија, наведува весникот.

Написот поткренува сомненија дека многу Албанци живеат во регионот на Пулија и оти претставуваат ризичен фактор за жителите во тој регион.

– Еден од нив беше Ервис Алиња, кој уште како дете емигрирал со своето семејство во Пулија. Пред извесно време тој се врати во Албанија каде се радикализира и замина за Сирија каде е и убиен, наведува весникот.

Но, не само толку, бидејќи радикализираните Албанци, според весникот, доаѓаат и од југоисточниот дел на Албанија. Во написот се наведува дека тие се експоненти на албаскиот криминалитет, кој е активен  во подрачјето на Бари во недозволената трговија со оружје и дрога.

Исто така весникот тврди дека повеќе џихадисти Албанци имаат силни врски со лидерот на ИД Ал Багдади.

Одговарајќи на многуте коментари на граѓани на неговиот профил на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама написот го оценува како голема лага.

– Тоа е една голема лага, но што да се прави, така оди оваа работа, кој не чита весници не се информира, а кој чита се дезинформира, пишува Рама.

Facebook impact:

Објавено недела, 08 јануари 2017 10:23:00
Напишано од виолета