Бугарија едногласно го ратификува Договорот со Македонија

Народното собрание на Бугарија денеска едногласно го ратификува Договорот за добрососедство и соработка со Македонија, кој беше ратификуван и од страна на македонските пратеници. 

img

Договорот, како што објави МИА, беше потпишан на 1 август 2017 година од страна на премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање на сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право. Тој е резултат на петгодишен договарачки процес на работните групи на двете МНР и претставува наградба на договорот потпишан во 1990 година. 

Тагови:

Facebook impact:

Објавено четврток, 18 јануари 2018 09:57:00
Напишано од Виолета