Ја удрил автобус па ја фрлил под тркалата на друг автобус

Страшна сообраќајна несреќа се случи утринава во Белград, каде автобус удри жена, па потоа ја фрли пред друг автобус.

img

Како што пишуваат српските медиуми, се работи за 36-годишна жена чиј што идентитет сеуште е непознат, која во моментот на несреќата ја претрчувала улицата. На неа налетал автобус, а од силината на ударот таа летнала и паднала под тркалата на друг автобус.

Жената со тешки повреди и во несвесна состојба била итно пренесена на Ургентен за реанимација.

На Ургентен биле примени уште две жени на возраст од 60 и 73 години кои биле повредени кога закочил автобусот.

Facebook impact:

Објавено вторник, 29 август 2017 12:55:00
Напишано од Виолета